ГАЛЕРИЈА
„Ниту една повеќе“: Гневен осмомартовски протест со остри пораки до институциите
Повеќе илјади луѓе учествуваа на традиционалниот Осмомартовски марш во Скопје, изразувајќи револт поради зголеменото насилство врз жените и, како што велат, недоволната реакција на институциите. Маршот почна од паркот „Жена борец“, а учесниците со транспаренти и слоганот „Нема да нè снема“ побараа правда за жртвите и поголема заштита од родово базирано насилство. Од говорницата беше упатена остра критика до властите, со порака дека честитките за 8 Март не се доволни додека институциите не преземат конкретни мерки за спречување на насилството врз жените. „Како не ви е срам да се појавите на говорница по рекорден број убиства на жени, на кои им претходело пријавувано насилство, по кое не се постапувало соодветно, и да ни порачате да пријавуваме и да не ги повлекуваме пријавите?“, им беше порачано на премиерот Мицкоски и министерот Тошковски.
Фото:
Роберт Атанасовски
































