ГАЛЕРИЈА
Градежна офанзива во Центар
Бетоњерки, камиони, булдожери, дупчалки... вака изгледа деновиве по уличките позади Универзалната сала во Скопје. Речиси и да нема уличка каде не се гради. Општинарите како да печатат дозволи за градба. Ништо од ветените зелени површини, паркчиња, игралишта, паркиралишта... На сцена се булдожерите и бетоњерките. Почна да се копа и на локацијата на поранешна Треска. Тука уште долго жителите нема да имаат мир. А и потоа кога илјадници нови жители ќе се населат и ќе почнат колите да ги паркираат една преку друга... Важно општинската каса е полна.
Фото:
Роберт Атанасовски