ГАЛЕРИЈА
Галичка свадба – традиција, идентитет, култура…
И годинава на Петровден во Галичник се одржа Галичката свадба. Годинава со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, се венчаа Лилјана Михајлоска (25) и Јован Филипоски (27) од Гостивар. Покровител на оваа манифестација и годинава беше претседателот на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. „Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција”, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.
Фото:
Роберт Атанасовски




























