ГАЛЕРИЈА
„Две сесии“ во Пекинг
Во Големата народна сала на плоштадот Тјенанмен во Пекинг деновиве се одржуваат т.н. „две сесии“ – седници на Собранието на народните претставници, највисокиот државен орган на власта, и на Народна политичка консултативна конференција, водечка политичка консултативна организација. Со години секој март во Пекинг паралелно се одржуваат овие седници, кои се најважниот политички настан во Кина. Во двете тела членуваат по 3.000 пратеници и делегати. Годинава акредитирани се 2.000 новинари од Кина и 1.000 од странство. Тоа значи дека безмалку 10.000 луѓе во текот на 10 дена секојдневно се тука. Сето тоа треба некако да се организира, сообраќајот да е регулира, сите новинари да ја добијат потребната информација, изјава, интервју... И сѐ е под конец. Секој најавен настан почнува во секунда. „Двете сесии“ се сѐ уште во тек, и на сите ни е јасно дека Кина влегува во нов циклус на планирање, дека Кина продолжува да го менува глобалниот пејзаж, дека тука се пишува иднината.
Фото:
Александар Дамовски










































