ГАЛЕРИЈА
Бадникова поворка во целата држава
Неколку илјади деца вчера ја формираа Бадниковата поворка низ повеќе градови во државата, носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја „Вечниот бог“. Оваа манифестација се одржува во повеќе од 80 градови и населени места низ државава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и САД. Бадниковата поворка во Скопје тргна од Музејот на Град Скопје и движејќи се по улица „Македонија“, пристигна на плоштадот „Македонија“, пред сцената поставена кај Божиќната пештера. На сцената, како круна на целокупната манифестација, е изведена „Божиќна авантура“ - голема музичко-сценска изведба во живо, во која учествуваа повеќе од 40 музичари, актери, пејачи и „Златно славејче“.
Фото:
Роберт Атанасовски




















