ГАЛЕРИЈА
5.000 танчери во СЦ „Борис Трајковски“
Неверојатна бројка од 5000 танчери кои ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ на спектакуларниот шампионат кој вчера почна во Скопје - IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Во организација на клубот „Брејк а Лег“, од 9 до 17 октомври, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе имаме можност да гледаме претставници од 35 држави, да уживаме во духот на хип хоп културата, да сведочиме на бројни изненадувања и настапи, како и да ги бодриме претставниците на нашата држава. До крајот на шампионатот, ќе имаме можност да ги гледаме следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска.