ГАЛЕРИЈА
47 мртви во Швајцарија: „Безбедносната состојба била ужасна“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
47 луѓе загинаа, а 115 се повредени во пожарот што се случи на дочекот на Новата година во бар на познатото скијалиште Кран-Монтана, на југозападот на Швајцарија. Многу млади луѓе се наоѓале во барот кога избувнал пожарот. Причината официјално сè уште не е позната, но се појавија две теории: или некој активирал петарда во затворен простор, при што се запалил таванот, или келнер кренал на рамена друг келнер што држел шише шампањ со прскалки. Пожарот предизвикал експлозии, најверојатно поради ослободување запаливи гасови. Голема маса луѓе во паника се обидувале да избегаат од подрумот по тесното скалиште и низ тесните врати, додека други кршеле прозорци. Главната државна обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, исклучи каква било можност за терористички напад.
Фото:
ЕПА



































