ГАЛЕРИЈА
30 години К-15 – три спектакли во Скопје
Три дена екипата на К-15 во салата „Борис Трајковски“ во Скопје го прославуваше 30-годишниот јубилеј. Три дена публиката присуствуваше на театарско и мусичко доживување во изведба на Миле, Бубо и Тошо - Бранко Огњановски, Љупчо Каров и Васко Тодоров. Три вечери многу музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви. Целиот настап беше придружуван од голем оркестар со над 30 врвни музичари, диригирани од маестро Џијан Емин. Режијата на овие спектакли беше на Синиша Евтимов.
Фото:
К-15
















