сабота, 27 јули 2024

Галатасарај освои трофеј за 50 секунди, играчите на Фенербахче го напуштија теренот (ВИДЕО)

Голем скандал се случи во турскиот Суперкуп кој го освои Галатасарај откако фудбалерите на Фенербахче се повлекоа од теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Се случи тоа што беше најавено пред натпреварот, Фенербахче се појави со младински играчи на мечот, му дозволија на Галатасарај да даде гол преку Икарди во својот прв напад, а потоа се повлекоа од теренот.

Мечот траеше само 50 секунди, по што фудбалерите на Галатасарај го кренаа пехарот.

Причина за ваквата реакција на Фенербахче е нивната битка со Турската фудбалска федерација откако фудбалерите им беа нападнати на гостувањето кај Трабзонспор од навивачите на овој клуб.

За циркусот денеска да биде уште поголем, фудбалерите на Галатасарај се вратија, се поделија на два тима и играа меѓусебен тренинг натпревар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ