сабота, 19 октомври 2024

Галатасарај е елиминиран, Јанг Бојс, Салцбург и Спарта Прага одат во главната фаза од ЛШ (ВИДЕО)

По елиминацијата на Фенербахче и вториот турски тим кој беше во квалификациите од Лигата на шампионите не успеа да се пласира во главната фаза, Галатасарај загуби и на домашен терен од Јанг Бојс, овојпат со 1-0.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот помина во тензична атмосфера која кулминираше кога Виргиниус даде гол за водство на Јанг Бојс од 1-0. Во мешаницата која настана, Муслера доби црвен картон.

Јанг Бојс победи со 3-2 и на првиот меч, па со вкупни 4-2 оди понатаму.

Салцбург и Динамо Киев одиграа 1-1. Австријците одат понатаму затоа што победија на првиот меч со 2-0.

Во главната фаза оди и Спарта Прага која со 2-0 го совлада Малме, толку го победи и на првиот меч.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ