петок, 18 октомври 2024
Лига на шампиони

Галата шутна 20 пати кон голот на Баерн, но гостите ги однесоа трите бода, Интер подобар од Салцбург (ВИДЕО)

Баерн слави во истанбулскиот „пекол“ и покрај тоа што не ја надигра Галатасарај, домаќините има за што да жалат откако квалитетно му се спротивставија на фаворитот, Интер стигна до победа од 2-1 против Салцбург.

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен со три бода си замина од гостувањето во Истанбул, избраниците на Тухел не доминираа и на моменти беа во подредена улога, но на крајот се радуваа на триумф од 1-3.

Гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа со голот на Коман во 8. минута. Галатасарај изедначи по половина час игра, Икарди храбро со „паненка“ од белата точка донесе 1-1.

Домаќините потоа се заканија уште во неколку наврати (мечот го завршија со 20 удари кон противничкиот гол), но проблем беше реализацијата, па казната стигна во финишот од натпреварот.

Кејн донесе предност од 1-2 во 73. минута, а пет минути подоцна Мусиала зголеми на 1-3 и ги реши сити дилеми околу победникот.

На вториот натпревар од 18:45 часот, Интер со 2-1 го совлада Салцбург.

Санчес го отвори резултатот во 19. минута по една убава акција на домаќините, а Глук на стартот од вториот дел изедначи на 1-1.

„Нероаѕурите“ за брзо се вратија во водство, Чалханоглу од пенал донесе 2-1 во 64. минута, резултат кој важеше до самиот крај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ