петок, 18 октомври 2024

Галакси З флип 5 – телефон каков што посакувате, совршени ноќни видеа и фотографии од секој агол

Објавено на

часот

Сподели

Ако го споредите новиот Galaxy Z Flip5 со неговиот претходник, на прв поглед доста наликуваат, на ист начин се отвораат и затвораат со мала разлика во димензиите. Но, веќе на втор поглед се забележуваат главните подобрени карактеристики, и тоа кога станува збор само за изгледот на уредот: веќе нема простор помеѓу двете страни на екранот кога е преклопен, и што е можеби најзначајно – надворешниот екран на Galaxy Z Flip5 има многу поголем дисплеј кој целосно доминира над телефонот.

Благодарение токму на оваа карактеристика, искуството со камерите на Galaxy Z Flip5 е она што ќе ве воодушеви, бидејќи во повеќето случаеви нема да имате никаква потреба да го отворате телефонот, па дури и да го држите, кога фотографирате, правите селги фотки или снимате видеа.
Eдна од главните функции на предната камера на надворешниот екран е полесно да снимате видеа без раце, да правите селфи или да остварувате видео повици без да го држите телефонот во ваши раце. Камерите се доста добри, прецизни, брзи, а сликите и видеото се доволно јасни и светли. Главниот објектив има 12 мегапиксели и оптичка стабилизација на сликата. Фотографиите што ќе ги правите ќе бидат навистина импресивни во поглед на јасноста, снимените детали и прецизната репродукција на бои, а на сето тоа овозможено е зумирање 10x.

Предната селфи камера е навистина добра и одлична за групни селфи фотографии, која најмногу ќе ги плени оние кои прават видеа за социјалните мрежи или специјално за блогови. Galaxy Z Flip5 лесно може да го поставите секаде, прецизен е и репродуцира јасни записи без тресење и без губење на фокусот на личноста што се снима. Сите режими со префиксот „флекс“ кои овој уред ги содржи, ќе ви дадат одлични можности на различни и креативни начини вашите видеозаписи да бидат токму какви што сакате да бидат, па и подобри. Од самиот надворешен екран наречен Flex Window ќе можете да направите висококвалитетни селфи фотки со помош на задната камера, FlexCam режимот ќе ви овозможи да правите фотографии од нјразлични агли, а со Flex Mode за час ќеги уредите.

ц

Широкоаголната камера на Galaxy Z Flip5 опфаќа уште повеќе од сцената во еден кадар и не мора да го отворите туку само повлечете ја иконата за камера на Flex Window и започнете со снимањето со FlexCam. Слободно можете ја камерата да снима, бидејќи со 4K Nightography видеото со 60 fps, намалувањето на сончевата светлина воопшто нема да го намали квалитетот на вашите содржини.

ц
Телефонот работи на најмоќниот процесор на Galaxy уред на преклоп.
Првокласната платформа Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 е навистина неспоредлива нудејќи непречено работење на камерите на телефонот, без никаков застој за што во голема мера помага и 8GB RAM што доаѓа со опционална
внатрешна меморија од 256 или 512 гигабајти. Згора на тоа, со подобрената батерија која е поткрепена од моќен процесор, ќе можете да слушате музика до 57 часа, и да гледате содржини до 20 часа.
Galaxy Z Flip5 можете да го имате во една од четирите извонредни бои инспирирани од придовата – ментол зелена, лаванда, графитна и крем.

ц

Во новата Samsung Galaxy Z серијата спаѓа и Galaxy Z Fold5 телефонот на преклоп, кој пак со својата голема димензија кога е отворен, нуди сосема поинакви можности за искуство со вашиот мобилен телефон со голем екран кој е совршен за работа, гледање филмови и гејмање. Паралелно со претставувањето на овие два нови телефони на преклоп, Samsung ги лансираше и следниве нови уреди од светот на Galaxy: најновите модели на паметни рачни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic со подобрени перформаси за следење на вашите спортски активности, одржување здрав начин на живот и здрав сон, како и новата Galaxy серија таблети – Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ и Galaxy Tab S9 Ultra како одлични уреди кои можата ви бидат замена за вашиот компјутер или лаптоп, особено ако вашето секојдневие ви налага постојано да бидете во движење. Не зборавајте да ги погледнете и овие уреди и сите придобивки кои тие можат да ви ги понудат!

                                                                                                                                            Комерцијален текст

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ