петок, 18 октомври 2024

ФЗО ја прошири позитивната листа со девет лекови

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лекови по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се појаснува во соопштението, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗОМ и додаваат дека се работи за прво дополнување на листата по 2014-та година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ