Продолжува лошата сезона за Јунајтед, овојпат разочарувањето се случи во ФА Купот.
Фулам поведе на Олд Трафорд во судиското продолжение од првото полувреме кога Беси даде гол за предност на гостите од 1-0.
Во 71. минут Бруно Фернандеш го изедначи резултатот на 1-1. Со тој резултат завршија регуларните 90 минути па се отиде во продолженија.
Во двете продолженија од по 15 минути немаше голови, пеналите го решаваа победникот во овој дуел.
Лено фати два пенали, им одбрани на Линделоф и Зиркзе, а погодија Фернандеш, Далот и Касемиро. Кај Фулам реализираа сите што шутнаа Хименез, Берџ, Вилијан и Робинсон. Па гостите се радуваа на триумф.
Понатаму оди и Брајтон кој славеше по 120 минути игра на гостувањето кај Њукасл.