сабота, 27 јули 2024

Фудбалската академија на Мохамед VI, расадник за фудбалски таленти во Мароко

Објавено на

часот

Сподели

Настапот на Атласките лавчиња на Африканскиот куп на нации до 17 години, кои стигнаа до финалето на овој натпревар, ја илустрира централната улога на Фудбалската академија Мохамед VI, како расадник на фудбалски таленти во Кралството.

За време на учеството на Купот на африканските нации до 17 години во Алжир, мароканската У17 репрезентација успеа да ја „украде“ историската квалификација за Светското првенство во оваа категорија, притоа одбележувајќи одличен натпреварувачки настап со пласман во финалето, сличен на оној на репрезентацијата за време на Светското првенство во Катар.

Овие резултати се плод на политиката која што се спроведува неколку години, благодарение на имплементацијата на стратегиите и развојните цели за унапредување на националниот фудбал, во согласност со визијата на неговото височество, кралот Мохамед VI.

По овој настап, кралот Мохамед VI упати порака со честитки до репрезентативците финалисти на Африканскиот куп на нации (CAN-2023) до 17 години, за нивното исклучително достигнување и пласманот за Светското првенство во 2023 година.

„Со голема радост ви ги испраќаме нашите најтопли честитки за исклучителниот подвиг што го постигнавте со пласманот во финалето на Африканскиот куп на нации до 17 години, во неговото четиринаесетто издание одржано во Алжир, и со тоа што го обезбедивте вашето заслужено квалификување на Светското првенство 2023“, пишува суверенот во оваа порака. 

За време на прес-конференцијата, националниот селектор Саид Чиба изрази благодарност до кралот Мохамед VI кој бескрајно се заложува за развојот на мароканскиот фудбал.

„Нашите млади играчи имаа почесен настап. Му благодариме на кралот Мохамед VI за неговата беспрекорна поддршка, тој е првиот поддржувач на мароканската младина. Им благодарам и на академиите, благодарение на нив го постигнавме овој настап“. 

Академијата Мохамед VI во Рабат сега веќе е предводник на обуката во Мароко, заедно со најсовремените структури во другите градови, со локални тренери кои ги надгледуваат децата на возраст од 9 до 12 години. Целта е да се направат компетентни млади луѓе достапни на националните селекции уште од мали нозе.

Од оваа престижна школа основана од кралот Мохамед VI потекнуваат 9 млади луѓе, меѓу кои и стрелецот на првиот гол за репрезентацијата Абделхамид Аит Будлал, младиот голман Таха Бенгозал како и талентираниот играч Адам Чакир.

Овие млади луѓе наскоро ќе ја завршат обуката во Академијата и треба да заминат со одредено портфолио, со цел да станат професионалци со желба да се интегрираат во европските клубови и да еволуираат, наследувајќи ги играчите како Јусеф Ен Несири (ФК Севиља), Најеф. Агуерд (Вест Хем Јунајтед) и Азедин Онахи (Олимпик Марсеј) како нивни модели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ