Јувентус во петокот го доби дербито против Наполи со 1-0, херој на домаќините беше Федерико Гати, кој има интересна животна приказна.
„Редев овошје и зеленчук во маркет, местев прозори, ѕидав, работев на покриви… Но целта сега е да победувам во дресот на Јувентус, и да се наметнам во репрезентацијата на Италија за Европското првенство“ – вели Федерико Гати, кој ги има поминато сите ниски лиги на „чизмата“.
„Против Наполи, на трибините беа моите родители и девојката, и беа навистина среќни, мислам дека тие повеќе се израдуваа и од мене“.