По 12 години пауза, САД се врати на тронот кога се во прашање фудбалските турнири на Олимписките игри.
Во Париз, избраничките на Ема Хејс имаа перфектен турнир и во финалето славеа против Бразил со 0-1.
Единствениот гол на натпреварот беше дело на Свонсон, која одлично се снајде по една контра, и ја затресе мрежата во 58. минута од натпреварот.
За Американките, ова беше златниот медал број 5 на Олимписките игри.