среда, 19 март 2025

Фудбалерите на Шкупи се скршени од болка за починатиот Лазаров, не можеа да одржат тренинг (ФОТО)

Играчите на Шкупи денеска се обиделе да тренираат првпат по големата трагедија во Кочани, но не можеле, тагата за нивниот соиграч Андреј Лазаров е огромна.

Објавено на

часот

Сподели

Во големата несреќа во Кочани загина и фудбалерот на Шкупи, Аднреј Лазаров кој го загуби животот спасувајќи други.

Денеска играчите на Шкупи се собраа за да одржат тренинг, но болката била огрмна, во соблекувалната само се молчело и се плачело, фудбалерите побарале тренерот да биде одложен.

„Со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обидовме да се вратиме во тренажен процес. Сепак денешниот тренинг беше откажан на барање на играчите. Тренингот и продолжувањето на сезоната ќе биде најтешко за нас, но ќе играме за него, за негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство“, стои во објавата на Шкупи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ