сабота, 27 јули 2024
Скапо ќе платат за неуспешната сезона

Фудбалерите на Челси ќе останат без милиони, ќе имаат помали плати за дури 30% без ЛШ

Објавено на

часот

Сподели

Минатата сезона на Челси беше прилично турбулентна откако британските власти ги замрзнаа средствата на Роман Абрамович по воената интервенција на Русија во Украина.

Се очекуваа подобри денови со новото раководство, особено откако новите сопственици почнаа да се расфрлаат со пари и да трошат на засилувања како никој претходно.

Сепак, резултатите на „сините“ се разочарувачки и Челси многу веројатно ќе остане без топ 4 пласман и настап во Лигата на шампиони.

Според Дејли Мејл, лошите партии скапо ќе ги чинат новите засилувања и фудбалерите кои ставиле потпис на нови договори. Весникот вели дека овие играчи ќе имаат помали плати за дури 30%, ваква клаузула вметнале Тод Боли и неговите соработници.

Останатите фудбалери, кои имаат важечки договори од времето на Роман Арамович ќе продолжат да се ја добиваат целата плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ