четврток, 26 декември 2024

ФСБ заплениле експлозив скриен меѓу икони кои биле превезувани од Украина

Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти денес дека запленила 70 килограми експлозив со потекло од Украина, кој  бил скриен меѓу икони кои биле превезувани низ земји од Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заплената е извршена за време на инспекција на пратка икони и верски предмети во северозападната област Псков, на границата меѓу Русија и Летонија, соопшти ФСБ.

Се наведува дека е прекината „прекугранична трговија со експлозив кој доаѓа од Украина преку земјите од ЕУ“.

Експлозивот бил превезен во Русија од Украина преку Романија, Унгарија, Словачка, Полска, Литванија и Летонија, соопшти ФСБ.

Вкупно се запленети 70 килограми експлозив од рачна изработка, како и импровизирани направи „скриени во икони и спремни за употреба“.

Уапсено е лице за кое се сомнева дека е вмешано во нелегалната трговија, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ