четврток, 26 декември 2024

ФСБ: Уапсен регрутерот за терористичките напади во Москва

Во Русија се уапсени тројца нови осомничени за масакрот, соопштија безбедносните служби.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Три лица осомничени за поврзаност со минатомесечниот терористички напад во концертната сала во Москва се приведени, објави денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Апсењата се извршени во Москва, Екатеринбург и Омск, според соопштението на агенцијата.

Двајца од осомничените се странци, додека третиот е руски државјанин. Сите тројца потекнуваат од Централна Азија, додаде ФСБ.

Еден од уапсените, наводно, бил директно вклучен во регрутирањето на вооружените лица што го извршија нападот во Крокус сити хол пред две недели. Тој, исто така, го раководел финансирањето на операцијата, тврди ФСБ. Двајцата други осомничени донирале за да се купат огненото оружје и возилото што го користеле терористите, додаваат безбедносните служби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ