сабота, 27 јули 2024

Фросина Пармаковска: Вонредни избори за спас на ДПМ

Писателката Фросина Пармаковска, член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), по оставките на осум писатели од членство во претстедателството на организацијата, кое брои девет членови, повика на вонредни избори.

Објавено на

часот

Сподели

„ДПМ во моментов е приватна фирма, трговец-поединец која без грам совесност и самокритичност ја игнорира неопходноста од темелни промени и реконструкција. Вонредни избори за спас на достоинствотото на Друштвото!“, порача Пармаковска преку Фејсбук.

Вчера беше објавено дека осум писатели поднесоа оставки од членство во претседателството на ДПМ. Оставки, како што беше соопштено, на 4 октомври поднесоа Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска. Тие не ги соопштија причините за оставкитеа. Вчера писателот Бранко Цветковски соопшти дека и тој истиот ден ја најавил (поднел) својата оставка и соопшти што напишал до раководството на ДПМ:

„Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството“.

Станува збор за настан без преседан бидејќи претседателството на ДПМ броеше девет членови. Според интернет страницата на ДПМ, тоа се: 

Васил Тоциновски, секретар за активности во земјата

Марина Мијаковска, секретар за меѓународна соработка

Зоран Анчевски

Весна Мојсова Чепишевска

Владимир Мартиновски

Славчо Ковилоски

Лилјана Пандева

Александра Јуруковска

Бранко Цветкоски

Претседател на ДПМ е Христо Петрески.

                                                   П.Џ. –  Фото: Фејсбук на Пармаковска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ