среда, 18 декември 2024

Фрлена димна бомба во собранието на Црна Гора на седница на уставниот одбор (ВИДЕО)

На седница на уставниот одбор на собранието на Црна Гора е фрлена димна бомба.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се случило откако потпретседателот на одборот и пратеник на Демократската партија на социјалистите Нермин Абдиќ кажал дека тој и неговите колеги нема да дозволат продолжение на заседанието, пренесува Вијести.

И покрај фрлањето на димната бомба седницата продолжила и на неа се усвоени заклучоци да се распише оглас за избор на двајца судии на Уставниот суд кои ги бира собранието, и да се разговара со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ тој да распише оглас за уште двајца судии на Уставниот суд за кои тој е надлежен.

Не се знае кој ја активирал димната бомба, а на снимката се гледа дека чадот почнал да доаѓа од делот во салата каде што седат пратениците на ДПС. Во еден момент пратеникот на таа партија Абаз Диздаревиќ ја крева запалената димна бомба и ја става на маса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ