сабота, 27 јули 2024

Французите забрануваат пушење на плажи, паркови и други јавни места

Објавено на

часот

Сподели

„Плажи, паркови, училишта – на голем број места започна експеримент од сличен тип и сега се движиме кон усвојување на општо правило за да ја покажеме нашата решителност“, изјави министерот за здравство Орелиен Русо за телевизијата БФМ.

Русо рече дека тутунските производи доведуваат до 75.000 смртни случаи годишно, наведувајќи дека владата на почетокот на следната година ќе воведе законски решенија за зголемување на бројот на јавни места каде што поради пушењето може да се наплати казна.

Пратениците исто така имаат намера да ги забранат електронските цигари за еднократна употреба, а првичната расправа за забраната се очекува во Националното собрание следниот месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ