сабота, 19 октомври 2024
Тренерот е главен виновник за случувањата на „Сент Џејмс Парк“

Французите распалија по Енрике по тешкиот пораз на ПСЖ: Каква дрскост! Кој игра вака? Ова е фијаско!

Луис Енрике се најде на удар на француската фудбалска јавност откако ПСЖ го доживеа најтешкиот пораз во групната фаза во Лигата на шампиони по 2004 година, и загуби со 4-1 на гостувањето кај Њукасл.

Објавено на

часот

Сподели

„Светците“ изминатово лето одново инвестираа огромна сума на пари во засилувања, успеаја да го задржат и Килијан Мбапе, но игрите на стартот на сезоната не ги носат посакуваните резултати.

Синоќа ПСЖ доживеа дебакл на гостувањето кај Њукасл и загуби со 4-1, што е најтешкиот пораз во групната фаза во Лигата на шампионите во последните 19 години.

По крајот на натпреварот, француската фудбалска јавност прстот го впери кон Луис Енрике и одлуката на стратегот да игра со четири напаѓачи.

„Дрскоста да игра на „Сент Џејмс Парк“ со четворица напаѓачи и двајца во средниот ред не донесе резултат. Најголемо иненадување е тоа што Енрике не промени ништо и покрај тоа што неговиот тим имаше огромни проблеми на средината од теренот“ – напиша Л’Екип, и му даде оцена 3 од 10 на Шпанецот.

Ле Паризиен во својата анализа посочи: „Луис Енрике е главниот виновник за ова фијаско. ПСЖ не стори ништо и се мачеше во текот на сите 90 минути. И покрај тоа, Луис Енрике остана доследен на тактиката, го замени Угарте со Витиња и покрај тоа што системот со тројца во средниот ред му донесе голема стабилност на почетокот од сезоната“.

Поранешниот фудбалер Даниел Риоло во емисијата „Афтер фут“ на Радио Монте Карло рече: „Кој тим во Европа игра вака? Па овој систем е ср*ње, вистинска глупост. Никој не игра вака. Се прави луд и се обидува да измисли нешто. И не само тоа, кога на сите им беше јасно дека противникот има огромен простор за игра, наместо да се прилагоди, тој одби да направи промена“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ