сабота, 27 јули 2024

Францускиот предлог не е совршен, но е најдобриот можен, вели амбасадорот на Франција

Францускиот предлог е компромис, не е совршен, но е најдобриот можен, рече францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер вечерва на одбележувањето на 30 години од дипломатските односи меѓу Франција и Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Бомгартнер порача дека патот по кој треба да се чекори е оној кон Европската Унија. 

„Патот по кој треба да се чекори е тој кон оваа Унија, каде што ве чекаме, каде што се надеваме на вас, каде што ве посакуваме“, рече Бомгартнер на македонски јазик. 

Францускиот предлог, како што рече, не е совршен, но е најдобриот можен. 

„Како и секој компромис и како и самиот живот, овој предлог не е совршен. Но, тој е најдобриот можен. Оној кој е на маса и кој почитувајќи го македонскиот идентитет, повторно ги отвора европските перспективи на земјата. Во јули минатата година се одржа меѓувладина конференција на која се чекаше 15 години“, рече Бомгартнер меѓу другото.

Претседателот на Македонија, кој присуствуваше на настанот, рече дека во текот на сите овие изминати 30 години, Франција беше наш придружник и во добро и во лошо и дека на тој пат, имаше подеми и падови, имаше егзалтации и разочарувања.

„Меѓутоа, нашата определба за полноправна интеграција во Европската Унија, наспроти сите тешкотии и предизвици беше и е – константа“, рече Пендаровски. 

„Очекуваме Франција, како земја која има толку многу вложено во изградбата на заедничкиот европски дом, но и во македонскиот дел од заедничката визија за обединета Европа, да продолжи, како и досега, да нѐ поддржува на тоа долго патување“, истакна претседателот.

Според Пендаровски, „актуелниот геополитички момент, создаден со руската агресија врз Украина, но и со геополитичките поместувања на глобален план кои се во тек, кои на Европа едноставно и го наметнуваат императивот за целосно обединување, е можност за удвојување на напорите и за уште поголема посветеност во остварување на заедничката цел“.  

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ