Франција ќе остане доследна на својата посветеност за постигнување на таа цел“, напиша Сежурне на мрежата Икс.
Твитот на францускиот министер уследи по изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се противи на палестински суверенитет во Газа и верува дека Израел мора да ја задржи „контролата над безбедноста на палестинската територија“.
Израел мора „да се погрижи Газа повеќе да не претставува закана“ што „му противречи на барањето за палестински суверенитет“, објасни Нетанјаху во петокот за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден, соопшти кабинетот на премиерот.
САД и Европа се залагаат за израелско-палестинско решение со две држави – Израел и идната палестинска држава, на што се противи израелската влада, која почна војна против палестински Хамас во Газа, по крвавиот напад од исламистичкото движење во Израел на 7 октомври.
Во овој напад без преседан загинаа 1.140 луѓе, главно цивили, според АФП. Одговорот на Израел остави речиси 25.000 мртви во Газа, огромно мнозинство од нив жени, деца и тинејџери, според Министерството за здравство на Хамас.