Фрегатата „пресретна и уништи беспилотно летало што директно му се закануваше на (бродот) Стринда и потоа го заштити, спречувајќи киднапирање“, се наведува во соопштението на министерството.
Пожарот што избувна на бродот Стринда е „ставен под контрола“ и нема повредени, а американскиот разурнувач УСС Мејсон потоа го спроведе бродот до Аденскиот залив, надвор од зоната на опасност.
#Houthis (#Ansarallah) Launch a #Missile Towards the Norwegian #Oil Tanker Strinda, Near the Bab-el-Mandeb Strait, #Yemen – 11 December 2023
Read more: https://t.co/Lt929RtkeE pic.twitter.com/moBpO9lQzx— TRACTerrorism (@TracTerrorism) December 12, 2023
Американската војска во понеделникот вечерта објави дека проектил истрелан од област под контрола на Хутите погодил танкер во близина на брегот на Јемен, но дека нема жртви.
Инцидентот го потврди и норвешкиот сопственик на бродот.
Хутите, како Хамас и либанскиот Хезболах, се членови на „оската на отпорот“ против Израел која е поддржана од Иран.