сабота, 27 јули 2024

Франција: Усвоен предлог-законот за забрана на електронски цигари за еднократна употреба

Долниот дом на францускиот парламент едногласно го усвои нацрт-законот за забрана на електронски цигари за еднократна употреба, во обид да ги заштити младите луѓе и да го ублажи негативното влијание на овие производи врз животната средина.

Објавено на

часот

Сподели

Пратениците на Националното собрание го усвоија овој закон доцна синоќа со 104 гласа „за“ и ниту еден против, пренесува АП.

Предлог-законот, кој претходно го поддржа француската влада, по усвојувањето во Долниот дом, ќе биде испратен до Сенатот, Горниот дом на парламентот, каде што се очекува и да биде усвоен. Законот би можел да стапи на сила до септември 2024 година.

Електронските цигари за еднократна употреба – кои чинат околу 10 евра – се мали уреди на батерии кои се особено популарни меѓу тинејџерите поради нивните различни вештачки вкусови.

Иако воглавно не содржат тутун, многу од нив содржат никотин, опасна хемикалија која создава зависност, а нивните мали литиумски батерии за еднократна употреба често завршуваат на депониите.

Предлог-законот е дел од поширокиот тренд бидејќи Велика Британија, Ирска и Германија разгледуваат слични мерки.

Нов Зеланд и Австралија веќе воведоа ограничувања, при што првите мерки наложуваат пониски концентрации на никотин и ограничување електронските цигари за еднократна употреба да не можат да се продаваат во близина на училишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ