вторник, 5 ноември 2024

Франција: „Разумни сомнежи“ за падот на авионот на Пригожин

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на француската влада Оливие Веран, запрашан за несреќата и за тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден дека малку работи „се случуваат во Русија зад кои не стои (претседателот Владимир) Путин“, го рече следново:

„Сè уште не ги знаеме околностите на оваа несреќа. Можеме да имаме некои разумни сомнежи“.

Додека трае потрагата по делови од авионот и патниците, телото на шефот на Вагнер сѐ уште не е пронајдено.

Руските власти потврдија дека Пригожин бил во авионот. Руската авијациска федерација претходно го објави списокот на патници, седум члена на Вагнер со тројца членови на екипажот, објави Ал џезира.

„Истражната екипа до сега не потврди дека телото на Пригожин е пронајдено или дека загинал во несреќата“, се додава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ