сабота, 19 октомври 2024

Франција, Португалија и Белгија обезбедија пласман на Европското првенство (ВИДЕО)

Франција со 2-1 славеше на гостувањето кај Холандија, Португалија со 3-2 ја победи Словечка, а Белгија со истиот резултат триумфираше на гостувањето кај Австрија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Французите со гостински триумф кај Холандија го заверија пласманот на Европското првенство, Килијан Мбапе беше стрелец на двата гола.

Мбапе погоди во седмата минута за водство од 1-0, а по осум минути игра во вториот дел постигна прекрасен погодок за 2-0.

Во финишот од мечот Хартман постигна само почесен гол за Холандија.

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Португалија над Словачка од 3-2 за место на Европското првенство.

Покрај Роналдо, гол даде и Рамош. Погодоците за Словачка ги постигнаа Ханко и Лоботка.

Два гола даде Лукебакио и еден Лукаку за победа на Белгија од 3-2 на гостувањето кај Австрија. Погодоците за домаќините ги постигнаа Лајмер и Сабицер.

Во останатите денешни натпревари, Грција со 2-0 славеше во Ирска, со истиот резултат Босна и Херцеговина победи кај Лихтенштајн. Мечот меѓу Исланд и Луксембург заврши нерешено 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ