сабота, 27 јули 2024

Франција официјално ја затвори својата амбасада во Нигер

Француското Министерство за надворешни работи денеска објави дека официјално ја затворило својата амбасада во Нигер, неколку месеци откако Париз беше принуден да ги повлече војниците од африканската земја по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Базум.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на француското Министерство се наведува дека одлуката е донесена поради тоа што амбасадата „не е во можност да извршува мисии поради блокади, ограничувања на патувањето и протерување на дипломатскиот персонал“ и се додава дека тоа е „очигледно“ кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Амбасадата ќе ги продолжи активностите од Париз. Тие ќе одржуваат контакт со француските граѓани што се на лице место, како и со хуманитарните невладини организации, кои ќе продолжиме да ги финансираме“, соопшти француското МНР.

Кон крајот на јули 2023 година, воената хунта ја презеде власта со државен удар во Нигер, откако го собори демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

Недолго потоа, новата влада во Ниамеј почна да презема чекори за отповикување на претходните договори со западните земји, вклучително и военото партнерство на сахарската држава со Европската Унија.

На овој начин, воената хунта на Нигер ја повлече дозволата за спроведување на програмата на ЕУ, која имаше цел зајакнување на безбедносните сили на Нигер, и побара заминување на француските војници што ѝ помагаа на таа земја во конфликтите со исламистичките борци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ