сабота, 27 јули 2024

Франција нема да прима имами од странство

Од 1 јануари Франција повеќе нема да прифаќа нови имами испратени од други земји, објави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во писмо упатено до погодените земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По 1 јануари 2024 година, муслиманските верски службеници испратени од други земји кои сѐ уште се на француска територија нема да можат да останат таму со тој статус, наведува Дарманин во писмото, кое на увид го добила Франс прес.

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на 2020 година изрази желба да го прекине прифаќањето на речиси 300 имами испратени од различни земји (Алжир, Турција, Мароко) и истовремено да го зголеми бројот на имами обучени во Франција.

Макрон најави и голем број други мерки против, како што го нарече, „странското влијание“ врз исламот во Франција, од имамите испратени од други земји до финансирањето џамии.

Тогашниот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека се работи на прекинување на практиката за прифаќање имами испратени од други земји во 2024 година.

Потсетувајќи на оваа објава од пред три години, која им даде време на џамиите и државите да се организираат, министерот Дарманин инсистираше на крајниот рок и нагласи дека одлуката ќе почне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Тоа значи дека од тој датум Франција повеќе нема да прима имами испратени од странство.

Според извештаите, целта не е да се спречат странски имами да проповедаат во Франција, туку да се осигура дека ниту еден од нив не е платен од странска земја и чии вработени би биле тие.

Според новата регулатива, доаѓањето на речиси 300 странски имами во текот на месецот Рамазан не е доведено во прашање.

Акцентот, се наведува, е на тоа сѐ поголемиот број имами кои работат на француска територија да бидат барем делумно образувани во Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ