сабота, 27 јули 2024

Франција ја победи Данска и седна на европскиот ракометен трон

Актуелниот олимписки шампион, селекцијата на Франција стана и Европски првак откако по продолженија ја победи Данска со 33-31.

Објавено на

часот

Сподели

Данска водеше во најголем дел од мечот, но Франција успеа да се избори за продолженија во кои беше подобра и на крајот дојде до четвртата круна Европски шампион.

Данците можат да жалат бидејќи во текот на второто полувреме имаа предност и од три разлика, но предноста им се лизна во финишот од мечот.

Франција успеа да дојде до 27-27, Данска имаше напад за победа, не успеа да реализира па мечот отиде во продолженија.

Во двете продолженија од по пет минути Франција беше подобра и на крајот го доби натпреварот со 33-31.

Фабрегас беше фантастичен со осум голови, тоа беше најдобриот ракометар на Франција, во составот на Данска Хансен реализираше девет погодоци од кои седум беа од пенал. Тој стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ