сабота, 27 јули 2024

Франција ги опремува нуклеарните централи за сè почести топлотни бранови

Објавено на

часот

Сподели

ЕДФ размислува да инвестира во капацитети за складирање вода за ладење која во услови на топлотни удари не може да се врати во реките поради прекумерните температури, изјави Ложје за Лезеко во написот објавен вчера.

Минатото лето, властите привремено дозволија некои нуклеарни централи да ја враќаат водата од системот за ладење во реките, чија температура беше повисока од дозволената според регулативите. „Денес, нашите капацитети за складирање се повеќе од доволни, но ако гледаме кон иднината, ќе мора да го зголемиме капацитетот за складирање“, објасни Ложје .

ЕДФ би можел да биде принуден да го намали производството во нуклеарните централи за време на топлотните удари за да го ограничи затоплувањето на реките. Групацијата од почетокот на векот го намали производството за 0,3 отсто поради високите температури.

Компанијата прогнозира дека до средината на векот производството ќе се намали за 1,5 отсто поради високите температури. Таа тврди дека треба да се преиспитаат еколошките стандарди кои го ограничуваат испуштањето на вода со повисока температура во реките.

„Еколошките концепти се засноваат на студии од 1970-тите, но климатските промени веќе ја менуваат животната средина“, тврди Ложје. „Прописите мора да се однесуваат на нивото на загревање, а не на апсолутната температура“, смета тој, додавајќи дека ЕДФ ќе разговара за ова со француската Управа за нуклеарна безбедност.

ЕДФ, исто така, сака поштедливо да ја користи водата за ладење, рече Ложје за Лезеко, а исто така ќе тестира процес со кој водената пареа произведена во кулите за ладење ќе се собира, ќе се враќа во течна состојба и повторно ќе се користи за ладење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ