сабота, 27 јули 2024

Франција бара од ЕУ да го прогласи Вагнер за терористичка група, Лондон се подготвува да го стори истото

Објавено на

часот

Сподели

Велика Британија е подготвена формално да го прогласи Вагнер за терористичка организација, што би значело воведување санкции и други казни за групата и нејзините членови, што би го зголемило притисокот врз Русија, пишува лондонски Тајм.

Цитирајќи владин извор, весникот вели дека полицискиот оддел на Обединетото Кралство водел случај против Вагнер два месеци и дека забраната на групата на групата е „неминовна“ за неколку недели.

Ако Вагнер биде забранет, секој што ѝ припаѓа на групата, присуствува на нејзините состаноци, ја поддржува или го носи нејзиниот грб во јавноста, ќе биде кривично гонет. Би биле воведени санкции за групата, па Вагнер нема да може да ги користи парите што би минувале низ британскиот финансиски систем. Нема докази дека Вагнер или поединци поврзани со групата биле активни во Британија од почетокот на војната во Украина, додава Тајм.

Сепак, постои „сомнеж“ дека групата помогнала да се извлечат руски пари од Британија откако Лондон воведе санкции за руските олигарси и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, изјави владин извор.

Што се однесува на Франција, Париз официјално ја повика ЕУ да го назначи Вагнер како терористичка група. Францускиот парламент усвои резолуција со која ѝ се препорачува на ЕУ да го стави Вагнер на листата на терористички организации, објави Гардијан.

„Каде и да ‘оперираат’, членовите на Вагнер шират нестабилност и насилство. Тие убиваат и мачат. Масакрираат и ограбуваат. Тие заплашуваат и манипулираат, речиси неказнето“, рече пратеникот Бенџамин Хадад во парламентот. Тој додаде дека не станува збор за „обични платеници желни за пари“, туку дека членовите на Вагнер, како што наведе, „од Мали до Украина ја поддржуваат агресивната политика на режимот на Владимир Путин“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ