петок, 18 октомври 2024

Француските одбојкари до историски успех, ја совладаа Полска и го одбранија златото

Машката одбојкарска репрезентација на Франција испиша историја откако попладнево ја совлада Полска во финалето со 3-0 (25-19, 25-20, 25-23) и го одбрани олимпиското злато.

Објавено на

часот

Сподели

Франција стана само третата репрезентација во историјата која ја одбранила титулата на одбојкарскиот турнир на Олимписките игри, по СССР во 1964 и САД во 1988 година.

„Триколорите“ се прикажаа во одлично издание во финалето против Полска и славеа со 3-0 (25-19, 25-20, 25-23).

Во првиот сет, Франција направи серија од 5-1 за водство од 17-11, момент кој се покажа како клучен. Вториот сет го доби благодарејќи на серија од 6-0, а исто така серија од 6-0 се покажа како одлучувачка и во третиот сет, Полска немаше одговор и не можеше да се врати по овие удари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ