„САД се одлучија за неверојатно доминантна политика преку доларот, преку индустриската политика, преку фактот дека можат да ги заробат светските инвестиции и светските истражувања“, изјави францускиот премиер за новинарите во градот Пу, каде што им се обрати на претставниците на локалната власт.
„Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна, ќе бидеме доминирани. Ќе бидеме прегазени. Ќе бидеме маргинализирани“, рече тој.
Тој додаде дека одлуката како да реагираат е и на Французите и на Европејците бидејќи, како што истакна, тоа е невозможно без Европа.
„Инаугурацијата на Доналд Трамп нè става пред одговорност“, додаде францускиот премиер, потсетувајќи и на „моќта на Кина“, која во декември го премина прагот од 1.000 милијарди трговски суфицит.
„Франција и Европа денес се соочени со два предизвици“, американски и кинески, рече Бајру.