Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни денеска изјави дека францускиот патролен авион Атлантик 2 синоќа бил цел на „застрашувачка“ руска акција.
„Таквите агресивни дејствија на Русија се неприфатливи“, напиша тој.
Dans la nuit de mercredi à jeudi, un avion de patrouille maritime Atlantique 2 français a été la cible de mesures d’intimidation russes.
Il patrouillait en espace aérien international au-dessus de la mer baltique, dans le cadre d’une opération de l’OTAN, et a été illuminé par le…
— Sébastien Lecornu (@SebLecornu) January 17, 2025
Според него, авионот бил цел на руска акција додека патролирал во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море како дел од операцијата на НАТО.
Тој вели и дека авионот бил осветлен од радарскиот систем С400, кој е дел од рускиот систем за противвоздушна одбрана.
„Фактот дека нашиот авион, кој лета во меѓународни води, е „осветлен“ од радарот одразува акт на агресија“, објасни за АФП полковник Гијом Верне, портпарол на Генералштабот на француската армија.
Осветлување е воен термин за целење кон објект со радар. Таквата иницијатива „не е невообичаена во оваа област“ и „покажува дека Русија не останува пасивна“, додаде тој.
Русија на тој начин „го изрази своето непријателство на контролиран начин“, но „професионалното однесување на францускиот екипаж овозможи да се избегне ескалација“ со продолжување на мисијата, рече полковникот Верне.
Руската војска, исто така, немала голем интерес да ја исполни својата закана бидејќи „напад на авион на НАТО може да предизвика ненадејна и сериозна ескалација со НАТО“, заклучи тој.
Во последните месеци беа оштетени неколку подморнички телекомуникациски и енергетски кабли во Балтичкото Море. Европските лидери и експерти се сомневаат дека овие инциденти се дел од „хибридната војна“ организирана од Русија.