среда, 22 јануари 2025

Францускиот и германскиот лидер се сретнаа да разговараат за заканите на Трамп со царини

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц се трудеа да покажат единство на состанокот во Париз денес, додека Европа настојува да одговори со единствен глас на заканите со царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, кој им се закани и на Канада, Мексико и Кина со високи царини, изјави вчера дека Европа има проблематичен трговски суфицит со Соединетите Американски Држави и дека е „на мета на царините“.

Во изјавите за медиумите пред работниот ручек во Елисејската палата, Макрон и Шолц инсистираа Европа е силна, а француско-германскиот тандем цврст, иако очекуваат тешкотии, пренесува Ројтерс.

„Претседателот Трамп, тоа веќе е јасно, ќе биде предизвик“, кажа Шолц.

„Нашиот став е јасен. Европа е големо економско подрачје со околу 450 милиони граѓани. Ние сме силни. Ние стоиме заедно. Европа нема да се повлече и скрие“.

Макрон веќе подолго време ја заговара идејата Европа да биде посамостојна.

„По инаугурацијата на новата администрација во Соединетите Американски Држави, попотребно од кога било е Европејците, а особено нашите две земји, да ја играат својата улога во јакнењето на единствена, силна и суверена Европа“, кажа тој.

Двајцата лидери ги спомнаа секторите на челикот, автомобилската индустрија и хемијата – потенцијалните мети на американските царини – како клучни за европската економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ