петок, 26 јули 2024

Француски хуманитарци убиени во Украина. Макрон: Тоа е срамен, кукавички чин

Двајца француски хуманитарни доброволци беа убиени, а уште тројца ранети во регионот Херсон во Украина на 1 февруари, што беше потврдено од страна на францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн пред три дена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Руските варвари во Украина напаѓаат цивили. Двајца француски хуманитарци платија со живот затоа што ѝ помагаат на Украина, а уште тројца се повредени“, напиша Сежурн на социјалните мрежи.

Поради смртта на своите граѓани, Франција ќе го повика рускиот амбасадор на разговор, пишува Индипендент.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече убиствата „кукавички и срамен чин“ и изрази поддршка за сите доброволци кои им помагаат на другите земји.

Билатералните односи меѓу Франција и Русија се влошија во последните неколку недели, бидејќи Париз ја зголеми својата поддршка за Украина и вети дека ќе испрати повеќе ракети со долг дострел на Украинците.

На крајот на јануари Русија официјално ги осуди „француските платеници“ кои дејствуваат на територијата на Украина. Путин рече дека проектилот со кој беше соборен рускиот авион со воени заробеници можел да биде истрелан од француски систем за противвоздушна одбрана. Франција ја обвини Русија за ширење дезинформации.

Францускиот претседател се очекува да ја посети Украина кон крајот на овој месец. Француското Министерство за надворешни работи предупреди дека очекува уште повеќе дезинформации за време на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ