сабота, 27 јули 2024

Француската морнарица се подготвува за воени операции, „сѐ поголем е ризикот од војна“

Француската морнарица се подготвува за потенцијални воени операции во услови на зголемен ризик од оружени конфликти, изјави командантот на француската борбена група носачи, адмиралот Жак Малар.

Објавено на

часот

Сподели

Малар рече за Политико дека француската морнарица го префрла фокусот на својата обука подалеку од полициските операции за да се подготви за војна против непријателите, кои, како што рече, сакаат да ја уништат Франција и другите западни земји.

„Сега тренираме за други мисии, особено за она што го нарекуваме војување со висок интензитет“, рече Малар.

Малар истакна дека поморските битки стануваат сѐ поверојатни.

Според него, имајќи предвид дека руската војна против Украина се прелева и во Црно Море и дека јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, безмилосно напаѓаат воени бродови и трговски бродови во Црвено Море, западните морнарици мора да се приспособат на новата средина.

Политико пишува дека француската борбена група носачи се очекува да почне со мисија во Средоземно Море во наредните денови.

Франција е единствената земја од ЕУ што го има носачот на авиони на нуклеарен погон „Шарл де Гол“, кој исто така носи нуклеарно оружје.

Тој е брод предводник на пошироката борбена група носачи што вклучува нуклеарни подморници, фрегати и борбени авиони рафал.

Носачот на авиони на нуклеарен погон „Шарл де Гол“ беше пуштен во употреба во 1994 година, а беше дизајниран да носи до 40 борбени авиони рафал, како и неколку хеликоптери.

Носачот е со должина од 261 метар и има екипаж од околу 2.000 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ