сабота, 27 јули 2024

Француската екстремна десница води на анкетите три месеци пред изборите за Европарламентот

Француската крајнодесничарска партија Национален собир води во анкетите за претстојните избори за Европскиот парламент, со 12 отсто разлика во однос на владејачката коалиција Ренесанса, покажуваат резултатите од анкетата што ја објави онлајн телевизијата БФМТВ во неделата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Екстремната десница, чија листа ја предводи младиот Џордан Бардела, би добила 29,5 отсто од гласовите, а центристичката коалиција Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон би добила 17 отсто.

Според резултатите од истражувањето на групата Елаб за БФМТВ и весникот Трибин ди диманш, другите партии не би го преминале изборниот праг од 10 отсто.

Еколошката партија би добила 9,5 отсто, Социјалистичката партија 8,5, а радикалната левица Непокорена Франција 7,5.

Што се однесува на десницата, Републиканската партија би добила седум отсто од гласовите, а екстремнодесничарската листа предводена од Марион Марешал би добила 4,5 отсто.

Според истражувањето, 50 отсто од Французите се заинтересирани за изборите за ЕП закажани за 9 јуни, а најголема грижа им е војната во Украина.

Околу 65 отсто од Французите се загрижени дека војната во Украина може да се прошири и во нивната земја.

По неодамнешната изјава на Макрон дека не е исклучена можноста за испраќање западни војници на украинска територија, 79 отсто од Французите гласаа против предлогот.

Истражувањето беше спроведено меѓу нешто повеќе од 1.500 возрасни испитаници од 5 до 7 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ