петок, 18 октомври 2024

Франција се врати од два сета негатива и ја победи Германија за полуфинале на ОИ

Одбојкарската селекција на Франција ќе игра во полуфиналето од Олимписките игри откако со 3-2 ја совлада Германија која прокоцка предност од два сета.

Објавено на

часот

Сподели

Германија имаше фантастичен почеток на мечот, го доби првиот сет со убедливи 25-18, во вториот беше подобра со 28-26 за предност од 2-0.

Но, потоа следеше период на Франзуците, домаќините ги добија следните два сета со 25-20 и 25-21 со што изедначија на 2-2. Во петтиот решавачки сет Франција беше подобра со 15-13 за победа од 3-2.

Во полуфиналето Франција ќе игра против Италија која на ист начин со 3-2 претходно ја совлада Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ