недела, 20 октомври 2024

Франција се спаси со контроверзен пенал во 93. минута, но Шпанија во продолженија стигна до злато (ВИДЕО)

Шпанија триумфираше на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, со два гола на Гамељо во продолженија, „црвената фурија“ ја совлада Франција со 3-5 во финалето.

Објавено на

часот

Сподели

По освоениот трофеј на Европското првенство, Шпанија стигна и до злато на Олимпискити игри во Париз.

Вечерва во финалето, „црвената фурија“ по продолженија славеше со 3-5 над домаќинот Франција.

„Триколорите“ добро го отворија мечот и поведоа со голот на Мијо, но потоа следеа пеколни десет минути на Шпанија во кој Фирмин Лопез погоди два пати, а Баeна прецизно биеше од слободен удар за целосен пресврт и водство од 1-3.

Франција се врати во игра со голот на Аклуше во 79. минута, за во финишто од мечот под контроверзни околности, со гол од пенал да изедначи на 3-3 во 93. минута.

Но во продолженијата, Камељо два пати ја тресеше мрежата на Рест, и се погрижи Шпанија да има перфектно лето на фудбалски план.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ