сабота, 27 јули 2024

Франција поставува набљудувачки радари на јужното крило на НАТО во Романија

Француската војска поставила набљудувачки радари „талес ГМ200“ на позиции во Романија, на јужното крило на НАТО како дел од поддршката на сојузниците во таа област, пренесува порталот Балканска безбедносна мрежа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќенаменскиот мобилен радар со дострел до 250 километри е поставен на позиција на полигонот Кап Мидија во близина на романскиот град Констанца откако претходно во таа земја веќе бил префрлен еден ГМ200.

Радарите поставени во Романија се вклучени во интегрираниот систем на НАТО за противвоздушна и противракетна одбрана.

Франција, во традиционално пријателската и франкофона Романија, од 2022 година по почетокот на конфликтот во Украина има воен контингент, во рамки на мисијата Ажил (орел).

На полигонот Кап Мидија има батерија на ракетниот систем за противвоздушна одбрана САМП/Т мамба кој е наменет за одбрана од дејства на авијација, дронови, крстосувачки ракети и тактички балистички ракети на оддалеченост до 100 километри.

Системот може да гаѓа летала на висини пониски од 3.000 метри и на оддалеченост до 50 километри.

Лансирните орудија со осум ракети се на теренско возило 8х8, а една батерија истовремено дејствува на 10 цели со шест лансирни орудија.

Во рамки на системот за воздушно набљудување и јавување на сметка на батеријата мамба се користат радари ГМ200 со дострел од 250 километри.

Со двата радари кои се сега во Романија се покрива нејзиниот црноморски брег, а за набљудување на воздушниот простор на НАТО партнерот Молдавија е разместен еден радар ГМ200 минатата година, а во текот на оваа година ќе биде разместен уште еден.

Четирите радари ГМ200 ќе обезбедат постојано набљудување на воздушниот простор и ќе поддржат борбено дежурство на ракетниот систем мамба во рамки на противвоздушната одбрана на јужното крило на НАТО.

Освен радарите и ракети во Романија редовно ротираат единици на ловечката авијација на НАТО, како засилување за романската авијација која користи застарени авиони Ф-16 и ПВО ракетни системи „патриот“ и „хоук“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ