четврток, 9 јануари 2025

Франција по изјавата на Трамп за Гренланд: ЕУ нема да толерира напади на своите граници

Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече францускиот министер за надворешни работи, одговарајќи на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз Гренланд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп одби да отфрли воена или економска акција како дел од својата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд и Панамскиот канал.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров кој е дел од Данска повеќе од 600 години.

„Очигледно не доаѓа предвид дека Европската унија ќе им дозволи на други земји во светот да ги напаѓаат нејзините суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер.

„Ние сме силен континент“, додаде тој.

Изјавите на Трамп дополнително ја илустрираат неговата експанзионистичка агенда, две недели пред инаугурацијата на 20 јануари во Вашингтон.

„Ако ме прашувате дали мислам дека САД ќе извршат инвазија, мојот одговор е ‘не’. Но, дали влеговме во период кога станува збор за опстанок на најсилните? Тогаш мојот одговор е ‘да’“, рече Баро.

Исто така, тој порача дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или претерано загрижена, туку да се разбуди и да се зајакне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ