петок, 27 декември 2024

Франција: Маж на Божиќ влегол во црква викајќи „Алаху акбар“ и им го покажувал задникот на верниците

Во Сен Жермен-ан-Леу, недалеку од Париз, неименуван маж влегол во црквата Сен Луј на Божиќ извикувајќи „Алаху акбар“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нешто пред 17 часот тој дошол до олтарот и им го покажал задникот на верниците, кои чекале да почне службата, објави Фигаро повикувајќи се на полициски извори.

Осомничениот без лични документи е приведен од полицијата.

Во моментов е во полициски притвор.

Постапката против него е во тек, соопшти обвинителството во Версај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ