Тој додаде дека обуката на украинските пилоти и механичари во Франција продолжува. Лекорну не го прецизираше бројот на авиони „мираж“ кои Франција и други земји планираат да му ги испратат на Киев.
Францускиот претседател Емануел Макрон вети на почетокот на јуни дека ќе испрати авиони во Украина. борбените авиони мираж 2000-5 се главно дизајнирани за одбрана на воздушен простор и може да се опремат со крстосувачки проектили, кои веќе му се испорачани на Киев.
Француските воздухопловни сили планираат да ги пензионираат борбените авиони „мираж“ до 2030 година и да ги заменат со помодерните „рафали“. Франција има 40 авиони мираж 2000-5 и тој тип авиони е веќе извезен во други земји.