Атал во објава на Икс рече дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламска држава за нападот во Москва и заканите што ја притискаат нашата земја“.
Француската тревога за тероризам има три нивоа, при што највисокото ниво се активира пред напад во Франција или во странство кога заканата од напад е неизбежна.
Ова овозможува воведување вонредни безбедносни мерки како што се зголемени патроли на вооружените сили на јавни места како железнички станици, аеродроми и верски објекти.
Во терористичкиот напад извршен во петокот во концертната сала „Крокус сити хол“ кај Моксва, според последните податоци загинале 137 лица, а 180 се повредени.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.